НОВА СЕЗОНА 2021

#ГРАДИМЕЗАЕДНО

Ceresit logo

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И СОГЛАСНОСТ ЗА ОБРАБОТКА

Со личните податоци располага Хенкел Србија ДОО Белград, Булевар Ослободување 383, матичен број: 07102160 („Хенкел Србија“ или „Организатор“).

Организаторот на Програмата за лојалност, личните податоци на учесниците ќе ги користи исклучиво за спроведување на своите обврски поврзани со спроведувањето на програмата, за информирање на учесниците за Програмата на лојалност и свои производи, промоции, презентации и наградни игри кои ги организира. Нема да ги користи за никакви други цели.

Во текот на Програмата за лојалност, Организаторот ги чува сите податоци на учесниците. Податоците кои ги доставуват учесниците се наоѓаат во база на податоци преку веб страна, СМС пораки или мобилна апликација и пристап до тие податоци има Хенкел Србија поради достава на подароци и информации во врска со Програмата на лојалност. Податоците се чуваат во електронска форма и се заштитени со шифра која е достапна на ограничен круг на луѓе, односно оние кои директно ја организираат Програмата на лојалност.

Можете во било кое време да побарате од Хенкел Србија да Ви обезбеди пристап до Вашите лични податоци. Исто така, може да побарате да Хенкел Србија направи промена или целосно ги избрише Вашите податоци, да побарате ограничување при користењето на личните податоци кои се однесуваат на Вас, или да поднесете приговор за обработка, односно право на преносливост на податоците. За било какви прашања или барања во врска со Вашите лични податоци ве замолуваме да ни испратите e-mail на tehnicka.sluzba.makedonija@henkel.com. Личните податоци на сите регистрирани учесници, Хенкел Србија може да ги користи и обработува најмногу 5 години од моменотот на добивање согласност од учесникот за подолу опишаната обработка на неговите лични податоци или до евентуално повлекување на согласноста.

Со учество во Програмта за лојалност се подразбира дека учесникот ја дал следната изјава во смисла на прописите за заштита на лични податоци:

“Го овластувам Организаторот да ги користи моите лични податоци кои ги доставив поради учество во Програмата на лојалност исклучиво за потребите на програмата, може да ги објавува за времетраењето на програмата и до целосно завршување на постапката и достава на подароците, и без моја писмена согласност не смее да ги користи за никакви други цели. Податоците за кои дозволувам да се користат се: име и презиме, е-маил адреса, број на мобилен телефон и адреса за достава на наградата. Потврдувам дека на курирот при достава на наградата ќе му доставам документ за потврда на идентитет. Со ова овластување се согласувам компанијата Хенкел Србија да ги користи и обработува горенаведените лични податоци најмногу 5 години од моментот на мојата согласност, или до нејзино повлекување, доколку одлучам да го направам тоа. Го овластувам Организаторот да го користи мојот телефонски број за директен маркетинг, односно да ми испраќа известувања за своите производи, наградни игри, промоции и програми за лојалност. Организаторот ќе го користи мојот телефонски број исклучиво за овие цели, а јас како учесник/примач на СМС пораките ќе имам можност да се одјавам од листата за известување, со праќање на порака на бројот 072247798. Го овластувам Организаторот да моите лични податоци во горе споменатите цели ги чува во Р.С.Македонија. Организаторот не смее да ги користи личните податоци за автоматска обработка и профилирање.”

Учесникот може во секој момент да ја промени својата одлука за согласност за обработка на личните податоци преку e-mail на tehnicka.sluzba.makedonija@henkel.com, за една или за двете понудени цели на обработка. Во секој случај, повлекувањето на согласност не влијае врз законот за обработка врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување.

Во случај на дополнителни промени на овде опишаните карактеристики во врска со обработката на Вашите податоци, ќе бидете известени, а доколку тоа биде потребно, ќе побараме од вас дополнителна согласност за конкретна обработка, пред почеток на истата, а во согласност со Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на Р.С.Македонија бр. 42/2020) (“Закон”).

Може да не контактирате преку e-mail на tehnicka.sluzba.makedonija@henkel.com доколку имате било какво прашање или нејаснотии во врска со овде опишаната обработка на Вашите лични податоци.

Доколку сметате дека користењето на Вашите лични податоци е во спротивност со одредбите во Законот, имате право да поднесете барање до Агенција за заштита на лични податоци на Р.С.Македонија, во согласност со член 97 од Законот за заштита на лични податоци.