НОВА СЕЗОНА 2022 од 14.03. до 31.08.2022. (или до истекот на залихите)
#ГРАДИМЕЗАЕДНО

ПРАВИЛНИК – LOYALTY ПРОГРАМА 2022

Испраќање кодови и нарачување награди

- Програмата трае од 14.03.2022 до 31.08.2022 или до истекот на залихите. Кодовите може да се испраќаат исклучиво во овој временски период.

- Сите награди мора да бидат нарачани пред крајот на програмата, односно до 31.08.2022. Нарачаните награди после овој датум нема да бидат земени во предвид.

- За времетраење на програмата, наградите може да бидат заменети со други награди.

- Фотографиите од наградите на сите промотивни материјали може да не бидат доследни на оригиналот.

Испорака на награди

- Доставата на наградите се врши преку брза пошта, на адреса за испорака која е наведена при регистрација.

- Потребно е секој учесник да достави валидна адреса за достава на наградата при регистрација. Доколку за времетраење на програмата, адресата биде променета, учесникот е должен да не извести за нова адреса за достава на наградите.

- Брзата пошта е должна да изврши достава, и да се обиде по втор пат да достави награда на валидна адреса (со валидна потврда за обид за достава).

- Доколку наградата не биде доставена при двата обида, учесникот е должен сам да си ја подигне директно од канцеларијата на Хенкел, со претходна најава преку инфо линија.

- Сите награди се достапни за превземање до завршување на програмата.

- Доколку учесникот поради оправдани причини не е во можност да ја подигне наградата од канцеларијата на Хенкел (поради патување или сл.) потребно е да го извести организаторот преку инфо линијата.

Валидација на примена награда

- При подигање на пратката учесникот е должен да потпише документ дека ја примил наградата.

- Доколку учесникот по отварање на пратката, утврди дека пратката не ги содржи наведените ставки во документот, потребно е да не извести телефонски, на бројот 071613105 во рок од 48 часа. Рекламации после овој период нема да бидат валидни.

- Доколку документот е потпишан, и не е направена рекламација во предвидениот рок, наведените награди важат за доставени.